Филипче: Ја посетивме кумановската болница, имаме вкупно 599 заразени во државата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Април, 2020
Пет пациенти се починати, од Куманово, од Лабуништа, Челопек, Штип, изјави министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција.
Влошена е и состојбата на родилката од Куманово, вели министерот.
Во Штип има хоспитализирани луѓе со лесна, но и со потешка клиничка слика.
„Остваривме посета во болницата во Куманово со државниот секретар и претставници на Институтот за јавно здравје, со оглед на тоа што 18 здравствени работници се заразени“, вели Филипче.
Инфективното одделение во кумановската болница е погодено од заразата.
Од болницата му било соопштено дека имаат доволно заштитна опрема.
„Нема друго одделение ко ее компромитирано“, рече министерот.
Дијагностицирани се 29 нови, и сега имаме 599 заразени во државата.
Направени се 386 тестови за 24 часа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.