Филипче на состанок со СЗО: Есента критична, ќе има и заразени со Ковид-19 и од сезонски грип
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Април, 2020 21:46
Министерот за
здравство Венко Филипче, изјави дека на денешниот состанок на Светската
здравствена организација, на која присуствувале претставници од повеќе од 150
земји разговарале за следните чекори на владите во однос на справување со
пандемијата. Заклучокот е дека и по достигнувањето на пикот на Ковид-19,
вирусот и понатаму ќе продолжи да постои и секако ќе има нови случаи на
заразени луѓе.
-Нема да можеме целосно да ја елиминираме, за жал, и веројатно ќе треба да има посебни делови на здравствениот систем посветени на пациенти кои ќе бидат КОВИД позитивни и пациенти кои нема да бидат позитивни на овој вирус, а сè со цел да се испланираат капацитетите, посебно гледајќи перспективно во периодот на есента, зимата којашто доаѓа оваа година, кога сите земји ќе се соочат освен со соодветен број на пациенти заразени од КОВИД-19 и со пациенти болни од сезонскиот грип. Треба да се направи една сериозна анализа и поставеност на здравствениот систем, истакна министерот.
Тој рече дека најверојатно ќе бидат многу повеќе активирани матичните лекари, за да се задржат пациентите што повеќе на примарно ниво, а тоа, како што истакна Филипче ќе овозможи да бидат многу повеќе слободни болничките капацитети доколу има потреба од хоспитализација на пациенти заразени со Ковид-19.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





