19 Декември, 2025
0.0427

Филипче не исклучува коалицирање со ДУИ и Левица: Во секоја општина ќе имаме посебна стратегија

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2025 07:55

Добивај вести на Viber

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче не ја исклучува можноста да коалицира со ДУИ и Левица на локалните избори. Вели дека активно разговараат и дека за секоја општина ќе имаат посебна стратегија. 

„Активно разговараме и за секоја од општините ќе имаме посебна стратегија“, потенцира Филипче. 

Тој нагласи дека нивната партиска стратегија е јасна, а тоа е, како што рече, консолидација на секое ниво и широк инклузивен процес.

„Нашата партиска стратегија е јасна – консолидација на секое ниво, широк инклузивен процес во избор на нашите најдобри кандидати коишто имаат и легитимитет и кредибилитет да излезат пред граѓаните да ја побараат довербата, затоа што знаеме дека тие се луѓето коишто можат да ги испорачаат програмите што ќе ги ветиме за време на локалните избори. Тие кандидати заклучно со овие денеска објавени, практично се избрани во еден процес со многу широк консензус. Консултирани се буквално сите партиски членови во рамките на секоја од општинските организации“, рече Филипче.

Потенцира дека нивната програма за локалните избори се темели пред се на нивните вредности и ги слушаат граѓаните што вистински сакат да добијат.

„Програмата се темели пред се на нашите вредности, социјалдемократски сето тоа преведено во услови за локални избори. Значи, ги слушаме граѓаните што вистински сакат да добијат. Граѓаните насекаде ги сакаат истите работи. Прво, сакаат да живеат во чиста животна средина , понатаму да е безбедно на улиците, да е секаде осветлено, да има проекти кои ќе бидат поддржани во делот на енергетиката, да имаат соодветни простори за спортска активност и соодветен ноќен забавен живот, нешто што го бараат младите и навистина го заслужуваат, се помалку го имаат вака како се водат општините во изминатиот период предводени од ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните