15 Декември, 2025
0.0362

Филипче по предупредувањето од Универзитетот Вашингтон: Нема да има воведување рестрикции, веќе има протоколи

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2020 16:12

Добивај вести на Viber

Венко Филипче, министерот за здравство, денеска одговори дека нема да има повторно воведување на рестрикции откако Универзитетот Вашингтон од Сиетл во направената проекција за Северна Македонија предупреди дека треба да се воведат построги мерки во земјата.

Според Институт за здравствени мерења и проценки при Универзитетот Вашингтон од Сиетл до 1 ноември во Македонија ќе починат 1.629 луѓе од КОВИД-19 ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита сè додека дневната бројка на мртви не достигне 8 на 1.000.000 жители, кога повторно би се вовеле построги мерки.

- Ние сме подготвени и кога повеќекратно би се зголемил бројот на заболени, не само од ковид-19, туку и од сезонски грип, морбили, стомачни вируси. Прво мора да се повтори дека сме една од ретките земји која има протоколи за функционирање на бизнисните, плажите, базените, хотелите, тие се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Тука се стандардните мерки за држење дистанца и носење заштитни маски како единствен начин да се излезе од кризата. Новодијагностицираните случаи се произлезени од непочитување на овие мерки, рече Филипче денеска во брифингот за „Сител“.

Според Филипче, единствена индијација која треба да покаже дали е потребна рестрикција за движењете се пополнетоста на болничките капацитети во ковид-центрите, кои според министерот се стабилни во бројките.

- Не можеме да живееме затворени и вечно со рестрикција во движењето. Епидемијата нема да ја снема ниту следната година, се додека не се вакцинира еден поголем дел од населението. Во овој момент мислам дека имаме издржани протоколи по принципи кои комисијата ги разработи и препорача, додаде Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“