Филипче: Почина маж од Дебар, а од Клиниката за инфективни болести се испишани девет пациенти
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Март, 2020
Mинистерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека од Клиниката за инфективни болести се испишани девет пациенти, еден од Скопје, а другите се од Дебар.
Но, има уште еден смртен случај од коронавирусот, а тоа е постар човек од Дебар.
Потврдени се нови 26 случаи од повеќе градови.
Тројца пациенти се на механичка вентилација, соопшти министерот.
„Назначен е нов директор на болницата во Охрид. Денеска завршува инспекцијата во врска со третманот на пациентката од Струга, се анализираат сите информации. Нашите сознанија се дека има одреден пропуст“, рече Филипче.
Министерот вели дека од денеска работи уште еден пункт во Скопје, во Чаир каде ќе се земаат брисеви.
Филипче рече дека на пат е донација од 20.000 тестови.
Од Заводот во Козле има заразен персонал.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.