Филипче: Починаа луѓе од Лабуништа, Прилеп и Куманово
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Април, 2020
Имаме 42 оздравени пациенти, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој рече дека има 6 починати лица, двајца од Лабуништа, од Прилеп и Куманово.
Вели дека за првпат има случај во Кичево, со што сега имаме вкупно 908 заразени лица.
Министерот додаде дека за 24 часа се направени над 700 тестови.
Досега во земјава од појавата на епидемијата се направени над 9.000 тестови.
„Денеска е потврден пациент кој е вработен во лабораторија во Клиниката за детски болести“, наведе министерот.
Двете бебиња на Инфективна клиника се стабилни.
За 7 дена ќе стигнат нови респираторни машини.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.