ФИЛИПЧЕ ПОТСЕТУВА: Ти си на одмор, но вирусот не е!
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Август, 2020
Mинистерот за здравство, Венко Филипче ги потсети граѓаните дека и на одмор мора да внимаваат на коронавирусот.
„Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност“, напиша Филипче.
Дел од медиумите објавија дека во Охрид на плажите не се одржува дистанца, а дел од туристите не носат маски.
Билансот за 24 часа е 7 починати, и 138 нови заразени.
Туристичката сезона е во тек, а во Струга за разлика од Охрид има повеќе активни случаи на коронавирусот.
Во Струга има вкупно 449 случаи на ковид-19, а активни се 195, додека во Охрид досега има 272 ,а активни се 84 лица.Ова го покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Во Дојран има само 7 случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.