Филипче: Резервирани се сите 800.000 вакцини од Фајзер
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2021
Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека се во постојана комуникација со производителот Фајзер и уште еднаш повтори дека се резервирани сите 800.000 дози од нивните вакцини, а првите дози ќе ги имаме во текот на следниот месец. Истовремено, претставничката на СЗО во Македонија, Џихан Тавила, рече со вакцините прво ќе бидат заштитени приоритетните групи на граѓани, сосема исто како што се спроведува процесот на вакцинација во останатите држави во светот.
-Целиот овој изминат период интензивно комуницираме со компанијата „Фајзер“ поради тоа што во овој момент таа е единствената компанија што ги има добиено потребните дозволи за итна употреба на нејзината вакцина од двете најзначајни регулаторни тела, а тоа се Американската агенција за лекови и од Европското регулаторно тело (ЕМА). Сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни, а согласно планот за дистрибуција ќе биде направен и планот за апликација, изјави Филипче.
Инаку, тој рече и дека со земјите со кои разговараат, а тоа се Австрија, Бугарија, Полска и Грција можно е дел од нивните вакцини да одвојат и за нас, но засега имаат добиено многу помалку дози отколку што очекувале.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.