Филипче се уште ги ветува 100-те илјади денари за специјалистите
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2019
Венко Филипче, министерот за здравство, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието рече дека Владата ќе го спроведе предизборното ветување дека ќе даде 100.000 денари плата за секој специјалист во јавното здравство.
Тој додаде дека и сега има доктори кои што земаат нето плата од 100 илјади денари со корекциитее о дежурствата, а во овој момент се работи на обезбедување на буџет за тоа да важи за сите лекари специјалисти следната година.
Филипче рече дека е зголемен и капацитетот на јавно-здравствените установи во рпосек за 10 отсто со нов кадар..
„Воведовме и нова мерка, за задолжителен шест месечен платен стаж на младите лиценцирани доктори. Ова е одлична стимулативна мерка за да останат во земјата, да стекнат експертиза под менторство на поискусни лекари и да работат на примарно ниво на здравствена заштита, таму кадешто навистина се стекнуваат првичните искуства. Тоа се итната медицинска помош, вакциналните пунктови и патронажните сервиси“, истакна министерот.