Филипче се врати на работа во Владата, учествуваше на седница
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2021
Министерот за здравство Венко Филипче вчера учествуваше на 106.седница на Владата, а тоа може да се забележи од фотографиите што беа приложени од таму.
Во меѓувреме министерот на крајот од минатата недела ја понуди својата оставка по пожарот во модуларната болница во Тетово што резултираше со 14 жртви, од кои 12 пациенти и двајца посетители.
Премиерот Зоран Заев во саботата објави дека нема да ја прифати оставката се додека не ги види првичните резултати од истрагата.