Филипче си поднесе оставка
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Септември, 2021
Mинистерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес - конференција изјави дека си поднесува оставка од функцијата после трагичните случувања во Тетово.
Вели дека никогаш не бегал од критика.
„Сакам да се заблагодарам на сите кои ме поддржуваа во работата. Ја поднесов мојата пишана оставка до премиерот Зоран Заев“, рече Филипче.
По пожарот со 14 жртви што се случи завчера вечер во Kовид-центарот во Тетово, обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска дала наредба денеска Бирото за јавни набавки да ѝ ја достави целокупната документација за јавните набавки за сите 19 изградени модуларни болници во Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.