Филипче: Сметам дека го амортизиравме ударот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Април, 2020
Сметам дека го амортизиравме ударот, изјави министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција.
Вели дека болниците не се пренатрупани и тоа е добро.
За коронавирусот објасни дека доведува до нагло влошување на здравствената состојба кај пациентите, и не ги напаѓа само белите дробови, туку и другите органи.
Филипче рече дека има многу луѓе кои се асимптоматски.
„Во било кој момент доколку некој развие симптоми, може да биде хоспитализиран. Тој карантин треба да трае 14 дена и заедно со полицискиот час сметаме дека ќе даде добри резултати“, рече Филипче.
Во Македонија за 24 часа има нови 46 заразени со Ковид 19.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.