Филипче: Тестовите никаде во светот не се 100 отсто сензитивни, првите два кај пациентката од Куманово биле негативни
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Март, 2020 20:21
Министерот за здравство Венко Филипче објасни подетално за пациентката од Куманово. Првите два теста биле негативни. Тој вели дека тие никаде во светот не се сто отсто сензитивни.
„Првиот преглед на пациентката од Куманово е направен на 16 март, таа дошла со температура, без други симптоми и кашлица. Веднаш биле поставени прашања од епидемиолошката анкета на што таа одговорила негативно, дека не патувала во странство и немала контакт со лица од ризичните земји, дадена е терапија и пуштена била на домашно лекување. Следниот ден, на 17 март дошла со синот и двајцата со зголемена телесна температура и без качица. Повторно е направена епидемиолошка анкета на која се негирани било каква поврзаност или контакт со заболаен или патување во странство, според кажувањата од болницата од Куманово“, објасни министерот.
На 17 и 18 март повторно примаат терапија, немаат кашлица и тоа е во дневната болница. На 19 март со нешто потежок наод на дневните дробови со индикација на рентген снимка констатирана е пневмонија и двајцата се сместени во одделот за изолација. Тогаш кај нив се зеле брисеви. На 19 и 20 направени се во два наврати анализи на материјалот, на 19 на двајцата и тие се негативно. На 20 се повторува тестот на мајката, бидејќи имало потешка клиничка слика, и тој повторен тест е негативен. На 21 состојбата се влошува, направени се обиди за реанимација, за жал без успех, по што пациентката починала. Со оглед што компликацијата настанала нагло и нетипично за некоја друга болест, постмртно земен е уште еден материјал, кој е испитан и тестот е позитивен на коронавирусот. Преиспитани биле материјалите земени иницијално, и пак е потврдено дека се негативни.
„Разговаравме со експертите и користевме литература, тестот никаде во светот не е никаде сто отсто сензитивен и тоа е докажано“, рече министерот.
На здравствените работници им се прави епидемиолошка анкета и ќе се пристапи на протоколите дали ќе одат во изолација.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





