05 Декември, 2025
0.0514

Филипче: Власта е „договорена“ со маркетите, фабриките и винариите

Објавено во: Економија 06 Септември, 2025 09:39

Добивај вести на Viber

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“ вели дека сите политики на власта одат во насока на тоа дека таа е „договорена со големите бизниси“.

„Платите не растат. Сите политики одат во насока на тоа дека власта е договорена со големите бизниси, големите фабрики, големите трговци. Дека се договорени со газдите на големите маркети и нема контрола на цените. Дека се договорени со големите винарии и дека нема доволни цени за откуп на грозјето. Дека се договорени со газдите на сите големи фабрики и нема раст на платите. Затоа што тоа ним не им одговара“, вели Филипче.

Владата нема желба да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, ниту во однос на мерки за намалување на цените, ниту во однос на зголемување на платите, според лидерот на опозициска партија.

Тој додаде дека владата има механизами за да ги стави под контрола цените и да го подобри животниот стандард на граѓаните, како што тоа, според Филлипче, го правеше СДСМ во најголемите кризи.

„Во ковид кризата и во енергетската криза цените на струјата и гасот беа неколку кратно зголемени последните години од нашата влада, споредено со сега. Но, инфлацијата беше под контрола и платите континуирано растеа. Имаше раст на платите за време на тие кризи, а сега, во мирнодопски услови, нема раст на платите. Имаше укинување, намалување на ДДВ за струјата, на основните прехранбени продукти. Ние сме покажале како се работи за доброто на државата. А зошто владата не ги употреби тие мерки? Тој е прашање за владата “, рече Филипче.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката