Филипче: Во критична состојба се седум пациенти
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Март, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека има нови заразени во земјава, со што вкупниот број сега е 219.
Филипче вели дека досега се направени 1.800 тестови. Ова е од почетокот на процесот на тестирање досега.
„Нема потреба сами да одат граѓаните, тие можат ако им е препишана таа мерка да го контактираат локалниот епидемиолог“, вели министерот за тестирањето.
Тој рече дека болницата во Дебар работи со помал капацитет, затоа што нема наплив на нови случаи.
„На Инфективна се хоспитализирани 41 пациент, седум од нив во потешка здравствена состојба, 27 се средно тешки и седум со поблаги симптоми“ – истакна Филипче.
Според него, во Заводот за рехабилитација уште траат анкетите, земени се брисеви од 18 граѓани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.