Филипче: Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2020
Браво момци Македонци, честита министерот за здравство, Венко Филипче на фудбалерите за пласманот на Европското првенство.
Тој ги замоли да прослават со почитување на мерките.
„Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација“, напиша Филипче.
Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев откако македонската фудбалска репрезентација ја победи Грузија и се пласираше на Европското првенство.Македонија во 60 минута од натпреварот против Грузија постигна гол.
Стрелец на единствениот гол беше Горан Пандев по акција на Елиф Елмас и Илија Несторовски.
Европското првенство треба да се одигра следната година во неколку градови во Европа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.