ФИЛИПЧЕ ЗА БАРАЊЕТО ЗА КАРАНТИН ВО КУМАНОВО: Засега нема потреба, таму нема ниту јавен, ниту меѓуградски превоз
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Април, 2020
Засега нема потреба, таму нема ниту јавен, ниту меѓуградски превоз, изјави министерот за здравство, Венко Филипче за барањето на Кризниот штаб во Куманово за воведување карантин.
Министерот за барањето за карантин за Куманово, вели дека за засилени мерки, се води сметка од каде се новите заболени.
Вели дека следат што се случува и дека ако има поголем број случаи, ќе преземат и други мерки.
Филипче потсети дека за Велигден ќе бидеме во карантин.
Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок побара од Владата да се воведе 14-дневен карантин, кој би траел 24 часа во периодот од петок, 17 април до понеделник, 4 мај.
Оваа мерка е всушност барање за воведување кризна состојба.
Општинските власти сметаат дека со ваквата радикална мерка би се почитувале досегашните донесени мерки за целата земја, но и би се вовеле дополнителни постапки на територијата на оваа општина.
Короната однесе нови жртви во Македонија.
Куманово има најмногу починати од опасниот вирус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.