26 Јуни, 2024
0.0345

ФИЛИПИНСКА ЗАЕДНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА: Повеќето се во брак со Македонци, а мал дел се дојдени тука поради работа

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Во земјава имаме филипинска заедница која брои над 200 луѓе. Повеќето од нив стапиле во брак со Македонци и живеат во земјава, а мал дел се дојдени поради работа.

Кристи Магно Трајкоски вели дека во 2011 година имало помалку од 10 Филипинци во Македонија. Откако ја оформиле Filipino Community Page досега имаат над 200 Филипинки и само тројца мажи Филипинци. Таа додава дека само 10 отсто од луѓето се тука поради работа.

„Иако сме само 200 Филипинци во Македонија морам да кажам дека имаме прекрасна конекција и комуникација и секогаш гледаме да ја искористиме секоја прилика за да се дружиме, така што се посетуваме и се дружиме за родендени, за слави и посебно за големите празници како што е Божиќ, задолжително. Секоја година се собираме сите заедно со нашите роднини и пријатели од Македонија и го прославуваме Божиќ со многу игри, музика, забава, филипинска храна. Пријателите и роднините од Македонија кои присуствуваат на овие наши забави се воодушевени од нашата култура, забавата, од концептот и енергијата со која славиме. Нашите забави се полни со музика, караоке, друштвени игри и натпревари, размена на подароци. И секој од нас се труди максимално да ја сподели и да ја негува филипинската култура тука во Македонија“, вели Магно Трајкоски.

Објаснува дека поголем дел од животот го поминала на Филипините, каде дипломирала, работела, а потоа имала среќа да шета по светот и да запознае различни култури и да види многу убавини. Додава дека кога дошла во Македонија, за неа сè било ново. Седум години живеела во Македонски Брод каде нејзиниот сопруг бил директор на Македонски шуми во тој град, а сега живее во Скопје.

„Само за споредба градот од каде што доаѓам од Филипините (Кезон Сити во Манила) е трипати поголем од Македонија. Јас сепак брзо се навикнав и го засакав животот тука, пред сè затоа што моето семејство, мојот сопруг и двете деца се тука. Фамилијата на мојот сопруг е тука и имаме огромна заедничка почит со нив и прекрасно се сложуваме. Стекнав многу пријатели, работам тука, постојано гледам да се надоградам себеси, така што завршив графички дизајн тука во Македонија. Покрај работата имам и свој Влог каде постојано постирам и споделувам свои импресии од Македонија, учествувам на различни телевизиски шоуа каде ја претставувам мојата земја. Така што, ДА, ја сакам Македонија, уживам тука, времето ми е максимално исполнето и искрено ми се допаѓа што тука нема толку голема гужва како во Манила. Немав многу голем проблем да се привикнам на храната тука, затоа што вкусот на македонската кујна е многу сличен со вкусот на филипинската храна. Исто така времето во Македонија многу ми се допаѓа, особено фактот што нема опасност од чести земјотреси и цунами, што е често случај на Филипини“, додава нашата соговорничка.

Сепак, она што ѝ недостасува е семејството и прекрасните плажи. Исто така наведува дека на Филипините секаде во институциите, во јавен превоз, во трговските центри,  постарите луѓе имаат приоритет и кон нив има голема почит. Додава дека Филипинците имаат огромна почит кон старите лица, бремените жени, децата, ранливите категории. Таа веќе 14 години живее во земјава и вели дека луѓето често се нервираат за ситници, како на пример,  за метеж во сообраќајот, додека пак на Филипините и покрај сите проблеми луѓето се насмеани. Магно Трајкоски вели дека сè што ни се случува во животот е со причина и не треба да бидеме полни со гнев, напротив треба да бидеме смирени затоа што за сè има решение. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“