Филмови за Роберт Плант (Лед Цепелин) и трибјут за Леонард Коен на Скопје Синема Сити – Загревање
Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2017 17:13
Денес и утре во Кинотека на Македонија со почеток од 20 часот ќе се одржи Скопје Синема Сити - Загревање, на кој ќе биде прикажан избор на музички документарни филмови од второто издание на фестивалот Скопје Синема Сити кој се оддржа во октомври минатата година.
Денес на програмат ќе бидат прикажани филмовите „Роберт Плант: Јас самиот“ и „ЛеонардКоен: Јас сум тој“, додека утре посетителите ќе имаат можност да ги проследат филмовите „ПинкФлојд: А кој од вас е Пинк?“ и „Фактори Рекордс: Од ЏојДивижн до ХепиМандејс“. На втората вечер ќе има и премиерно прикажување на краткиот филм за Љубојна, „Радио Љубојна“.
Скопје Синема Сити е фестивал за музички документарни филмови на којшто се прикажуваат бројни филмови од различни продукции, вклучувајќи ја и домашната, а Загревање како дел од Фестивалот, веќе традиционално во февруари ги репризира филмовите од претходното издание. Првиот Скопје Синема Сити се одржа во 2015 година со трибјут за ДејвидБоуви, а во рамките на второто издание во 2016 година се направи трибјут за ЛеонардКоен. Фестивалот е организиран во Кинотека на Македонија и во фокусот беше кантавторот ЛеонардКоен, со чијшто филм „Јас сум тој“ и беше отворена манифестацијата. Исто така, Фестивалот оствари соработка со британската телевизиска продукција Би-би-си, па беа прикажани повеќенивни филмови.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




