ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ПОЈАСНУВА: Изјавата на Муареми не се однесува на сегашни случувања кај банките
Објавено во: Финансии 23 Декември, 2020 12:49
Управата за финансиската полиција денеска се јави со појаснување на вчерашната изјава на директорот на оваа институција, Арафат Муареми, која тој ја даде во вчерашното гостување гостување на ТВ 24, во врска со водење на преистражни постапки кон други банки, за начинот на нивно постапување во врска со издадени кредити.
Дадената изјава, како што велат од Управата на финансиска полиција, воопшто не се однесува на сегашни случувања кај банките, односно не упатува на тековни наоди на Управата за вакви активности кај банките. Изјавата, како што се посочува, се однесува на преземени дејствија од страна на банки во период од 2007 до 2012 година. Оттаму, изјавата воопшто не имплицира дека во овој момент се преземени нови дејствија за нови случаи. За наведените дејствија Управата за финансиска полиција во 2018 година има поднесено и известување до Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО).
„Токму во таа насока е дадената изјава дека постојат и слични, но не и исти, случаи на постапување од страна на други банки, кои од страна на Управата се процесираат без оглед во кој период се имаат случено“, велат од Управата за финансиска полицја.
Инаку, Арафат Муареми ја даде изјавата во контекст на случајот Еуростандард банка“, зашто рече дека се постапува по наредба на јавното обвинителство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хрватите ги открија најпрофитабилните професии со и без факултет: „Земаат до 4.000 евра месечно“
Важно за сите што патуваат со авион: Оваа услуга на аеродромот е драстично поскапа
Изнајмувањето на овие работи е малку пари: Може да се земат до 200 евра месечно
Невидливата цена во текот на зимата: Отворањето на прозорците всушност ви одзема многу пари од џебот
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено





