27 Ноември, 2024
0.0258

ФИНАНСИСКАТА КОНСТРУКЦИЈА ЗАТВОРЕНА, ЗАКОНИТЕ ВО СОБРАНИЕ: Последниот дел од пругата до границата со Бугарија ќе чини 560 милиони евра

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Во Собранието влегоа два предлог-закони кои ќе се носат по брза постапка а со кои ќе се одобрат кредити, од кои едниот од Европската инвестициона банка и другиот од Европската банка за обнова и развој за изградба на последната и најтешката фаза - онаа третата од Крива Паланка до Деве Баир за железничко поврзување со Бугарија.

Според предлагачите на законите, рамката на кредитирање веќе е договорена со европските финансиски институции и во договорите за финансирање стои проекцијата дека за изградбата на третата фаза ќе бидат потребни 560 милиони евра за изведувачот што ќе се избере и за сите останати трошоци.

ЕИБ и ЕБОР ќе одобрат кредит од по 175 милиони евра, 149 милиони евра ќе бидат неповратен грант од инвестициската програма за Западен Балкан, додека 61 милион евра исто така ќе биде неповратен грант од ИПА 2 програмата. Излегува дека дури 210 милиони евра ќе бидат „гратис“ од ЕУ, како што и беше претходно најавено.

Иако се најавуваше тендер за изведувач на третата фаза уште оваа година, реално е дека тоа нема да се случи, а според претходните најави од раководството на Национални Железници, изградбата на последните 24 километри треба да трае четири години откако ќе започне. Изминатата пролет проценките беа дека последната фаза ќе чини нешто повеќе од 400 милиони евра. Во актуелната финансиска конструција од 560 милиони евра влегуваат и трошоците за електрификација на целата пруга.

Австриската компанија „Штрабаг“ е избрана и ја гради пругата од Куманово до Бељаковце, додека турски „Ѓулермак“ ја изведува втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија. Минатата година беа потпишани договорите за изведба на двете фази од пругата кон Бугарија, капитален инфраструктурен проект во којшто се инвестираат 200 милиони евра.

Пред неколку дена министрите за транспорт и врски на Македонија и Србија - Благој Бочварски и Горан Весиќ во Белград потпишаа меморандум за соработка за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси (брза пруга), како дел од Железничкиот коридор 10.  Скопје и Ниш ќе бидат поврзани со брза пруга по која возилата ќе возат со 160 километри на час. Двата града ќе се стасаат за два часа, а изградбата ќе чини 1,5 милијарди евра, пари кои Македонија и Србија ги немаат и ќе ги бараат од европските фондови.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката