29 Септември, 2024
0.0252

Финансиската поддршка е неопходна за раст и развој на компаниите

Објавено во: Економија 20 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион организираа настан тема:  „Финансирање за развој на МСП“.  Kомпаниите членови на ССК, лоцирани на територијата на Скопски плански регион имаа можност да се запознаат со кредитите за поддршка кои ги нудат комерцијалните банки, Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) како и преку останати програми за финансирање на МСП.

Финансиите се основа за добро функционирање на секој бизнис, без кои не може да се обезбеди нормално работење и да се планира раст. Без финансиска поддршка, односно поддршка од финансискиот сектор не може да функционира стопанството, не само во помалите земји, туку и во најразвиените економии. Но, актуелната состојба може да влијае и на кредитирањето на компаниите. Континуирано во последните две години имаме раст на кредитирањето, што е позитивен тренд. Очекувавме дека овој позитивен тренд ќе продолжи и годинава, меѓутоа со оглед на последните случувања ќе видиме како ќе биде развојот во тој сегмент и какви ќе бидат сигналите на комерцијалните банки“ рече Алексов.

Тој посочи дека зголемувањето на каматните стапки е лош сигнал и лошо ќе влијае на работењето на компаниите. Очекувањата се дека тој негативен тренд  нема да се случи, но доколку дојде до такво нешто бизнис заедницата очекува да не биде нешто драстично, туку во поднослива мерка.

Проектниот Координатор на Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион,  Розалија Карчицка Василевска, истакна дека целта на ваквите средби е компаниите пред се од Скопскиот плански регион  да се запознаат со условите за кредитирање и поддршка на компаниите кои се на располагање во насока на подобрување на нивната ликвидност.

Зоран Кимов, од Капитал банка посочи дека во последните три години има континуиран раст на поддршката на овие компании и дека кредитното портфолио е зголемено тројно што покажува дека таа е на задоволително ниво. Најмногу пари, како што рече тој, во последниот период бара градежниот сектор.

(Извор фото:МИА)

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија