ФИНАНСИСКИ ФАНТАЗИИ
Објавено во: Анализа 25 Јануари, 2013 07:40
Без дилема најлесен начин на богатење и најчеста фантазија од финансиска природа. Сепак, ајде да бидеме реални. Дали верувате дека може да ве удру гром?
Епа да знаете дека статистички гледано имате значително многу поголема шанса да бидете удрени од гром отколку да добиете на лото, и и тоа:
Шансата да ве удри гром е 1 во 10.000.
Шнсата да добиете лото е 1 во 175....милиони, па сега пресметајте
Но тоа е тоа некој има среќа да добие на лото, некој да го удру гром. Каква ти е среќата, како што вика народот.
Доколку сакате да се почестите не е лошо да штедите. Знаеме дека ќе речете дека за тоа треба многу време, пари и дисциплина и во право сте. Сепак убаво е да знаете дека одите на сигурно и дека после 20 или 30 години ќе имате солидна заштеда која ќе може да ја трошите во деновите кога треба да уживате. Веројатно нема да не послушате, но така стојат работите
БОГАТО МАЖЕЊЕ или ЖЕНЕЊЕ
Исто така честа фантазија, веројатно повеќе кај жените. Секој сака да си го најде принцот на белиот коњ да се омажи богато и да живее среќен живот. Иако ќе ви текне можеби на неколку примери верувајте дека тоа не е баш така честа појава. Впрочем има многу повеќе просечни од богати луѓе, па автоматски шансите ви се намалуваат. Исто така многумина велат дека не е се до парите.
Значи работете на себе си и на Вашата кариера. Гледајте да бидете независни и да заработувате сами. Секогаш потпирајте се на себеси. Тоа нека ви биде основен приоритет. За жал немаме бројки да покажеме колкави се шансите да се омажите богато, но веројатно се поголеми од можноста да ве удри гром, така да доколку бирате меѓу лото и богато мажење како начин за решавање на вашите финасии, сепак одете со второто.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





