19 Декември, 2025
0.0352

FINE HOLDING со нова инвестиција од 10 милиони евра

Објавено во: Мои пари 25 Февруари, 2023 14:05

Добивај вести на Viber

„Новата инвестициција е доказ на нашата посветеност постојано да растеме, да ги надминуваме бариерите и да продолжиме да се развиваме и поставуваме нови стандарди во претприемништвото“.

Сопствениците на компанијата Fine Holding денеска со поставување на камен темелник, започнаа со изградба на нов станбен објект во населбата Ќерамидница. Новата зграда која е инвестиција од 10 милиони евра е втор објект во рамки на комплексот „FINE PREMIUM LIVING“. Станува збор за градба од 7000м2 која исполнува високи стандарди во градежништвото за квалитет и удобност, со прекрасен поглед кон Водно, во непосредна близина на реката Вардар.

Комплексот „FINE PREMIUM LIVING“ во чии рамки започна да се гради вториот станбен објект, е нов тренд во архитектурата бидејќи се состои од сегменти и содржини за да се се задоволат потребите на членовите на едно современо семејство. Надвор од градскиот метеж, а сепак непосредно до центарот на Скопје, комплексот со своите станбени единици претставува урбано катче со целосна инфраструктура, модерно место кое ќе располага со супермаркети, градинки, продавници, простор за рекреација и уживање. Овој комплекс е синоним за нова димензија во домувањето и придонесува за урбанизација и модернизирање на населбата Ќерамидница.

Во рамките на комплексот „FINE PREMIUM LIVING“ во завршна фаза се наоѓа првиот објект „Космос“, во кој досега се инвестирани 30 милиони евра. Дополнително, Fine Holding, во наредниот период предвидува да изгради уште 3 станбено-деловни објекти во овој дел од градот, односно во Ќерамидница.

Компанијата Fine Holding која годинава одбележува 20 години од своето постоење, се занимава со проектирање и изградба, продавање на станбени и изнајмување на деловни објекти, изградба и менаџирање на приватни студентски домови, како и угостителство. Основач на компанијата е семејството Цаноски со семејна традиција од областа на градежништвото и претприемништвото кое датира повеќе од 60 години на македонскиот, европскиот и интернационалниот пазар.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии