02 Декември, 2024
0.0333

Финишира откупот на тутунот, откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 241,3 денари

Објавено во: Агробизнис 24 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Откупот на тутунот од реколтата 2018-та е при крај и досега се откупени 90% од договорените количини. Заклучно со 22 февруари откупени се околу 25 милиони килограми, со просечна цена од 214,34 денари по килограм. Од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари, односно високи 96% од откупените количини тутун. Законскиот рок за завршување на откупот е 15-ти март.

Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун, а откупот завршува на 15 март. Споредено со реколтата 2017, за новото производство на тутун се издадени 57 евидентни листови повеќе од лани, и се склучени над 4.700 повеќе догвори. Годинава има и зголемување на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.

За зголемениот интерес големо влијание имаше високата откупна цена на тутунот од реколтата 2017 која изнесуваше 217,60 денари за килограм, како и новиот модел на зголемени субвенции според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Новата производствена реколта ќе стартува според постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи, односно и оваа година ќе се издаваат евидентните листови односно т.н „бели картони“.Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи е во собраниска процедура, и новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба МЗШВ значајно ќе ги намали административните процедури за тутунарите на начин што, тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Исто така Предлог Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи се проширува опфатот на уредувањето во однос на постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи со три нови глави во кои се предлагаат одредби за уредување на сродните тутунски производи и тоа:несогорливи производи од тутун, електронски цигари и растителни (билни) производи за пушење. Производителите и увозниците кои ставаат во промет електронски цигари и/или контејнери за еднократно или повеќекратно полнење, поднесуваат барање за пуштање во промет до  Министерството за здравство, за што добиваат одобрение. Производителите и увозниците на несогорливи производи од тутун должни се да достават известување до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите несогорливи производи од тутун кои што имаат намера да ги стават во промет.Одредбите од законот кои се однесуваат на поимите дефинирани за несогорлив тутун и електронска цигара ќе бидат употребени за определување на надоместок согласно Законот за акцизите од 1 јули 2019 година.

Новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите кои треба јавно да се објават најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страната на откупувачот. Воедно, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството  на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство. Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандарди.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.