28 Декември, 2024
0.0265

ФИРМАТА НА ДРИН АХМЕТИ ДОБИ ПАРИ И ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ - Еве колку пари ќе им легнат на сметката

Објавено во: Економија 01 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Иако Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, на конференцијата за медиуми што ја одржа минатата недела рече дека неговите деловни успеси воопшто не зависат од позицијата на неговиот чичко. 

Сепак се почесто во медиумите се објавува дека неговите фирми се директно зависни од одлуките на некои државни институции – концесии за варовник и хидроцентрала и најновото – за иновации од Фондот за иновации и технолошки развој.

На јавниот „конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој од 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети добија пари за кофинансирање на иновации, пишува „МКД.мк“.

р

Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра (1.989.998 денари) за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“.

На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, Еверест ЏД добива 3.102.998 денари (50.000 евра) запроектот „Daтa management Efficiency System).

е

Од фотографии по социјалните мрежи може да се види дека Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој е во блиски односи со семејството Ахмети.

с

На фотографијата се и Бесиан и Фикрет Ахмети и директорот на ФИТР Фестим Халили


Дрин Ахмети стана познат на македонската јавност по објавување на договорот за купопродажба на бизнис центарот Соравиа во Скопје. Тој на споменатата конференција за медиуми рече дека сопственоста на 39 отсто од акциите на бизнис центарот Соравиа (15.000 квадрати деловен простор во центарот на Скопје) благодарејќи на неговите претприемачки вештини и целосната идеја за спроведување на овој купопродажен договор.

На 31 мај 2019 година фирмата Еверест ЏД на Дрин Ахмети добива концесија за изградба на мала хидроелектрана на Бачишка Река. Концесијата е на 23 години за изградба на хидроцентрала со моќност од 387 kw, а предвидената инвестиција е 1,2 милиони евра, објавува „МКД.мк“.

На самата пресконференција младиот Ахмети не откри од каде му се пари за купување на трговскиот центар, туку само обзнани дека ќе го преземат долгот од 20 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ЗА РИМАЦ ДА ЈА ПРОДАДЕ КОМПАНИЈАТА? „Порше“ го преземе мнозинскиот удел, што се крие зад овој потег?

ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ЗА РИМАЦ ДА ЈА ПРОДАДЕ КОМПАНИЈАТА? „Порше“ го преземе мнозинскиот удел, што се крие зад овој потег?

ТРАМП ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК - му се закачија моќниците, сакаат безмилосно да удира, нема прошка за ова?!

ТРАМП ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК - му се закачија моќниците, сакаат безмилосно да удира, нема прошка за ова?!

ПРОМЕНИ ВО БЕЛГИЈА: Во пензија ќе се оди со 66 години

ПРОМЕНИ ВО БЕЛГИЈА: Во пензија ќе се оди со 66 години

ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија

ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија

Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија

Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија

„ГОЛЕМИТЕ“ СО „ГОЛЕМИТЕ“ - во следните три години „Макпетрол“ ќе набавува нафтени деривати од ОКТА

„ГОЛЕМИТЕ“ СО „ГОЛЕМИТЕ“ - во следните три години „Макпетрол“ ќе набавува нафтени деривати од ОКТА

СРБИТЕ ЗАРАБОТУВААТ 157 ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД НАС: Македонија на дното со платите

СРБИТЕ ЗАРАБОТУВААТ 157 ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД НАС: Македонија на дното со платите

РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница

РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница

ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ СО НАЈГОЛЕМА ПОТРОШУВАЧКА, ИСЕЛЕНИЦИТЕ ГО БИЛДААТ ПРОИЗВОДСТВОТО: Откријте како работи „Пекабеско“ во Бизнис муабети

ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ СО НАЈГОЛЕМА ПОТРОШУВАЧКА, ИСЕЛЕНИЦИТЕ ГО БИЛДААТ ПРОИЗВОДСТВОТО: Откријте како работи „Пекабеско“ во Бизнис муабети