Дрин Ахмети: За Соравија ќе платиме 20 милиони евра
Објавено во: Економија 26 Јуни, 2023
Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека неговата компанија ТОР Индустри и албанската Па-Вла-Ку го превземаат трговскиот центар Соравија со отплаќање на долгот што го има оваа компанија од 20 милиони евра.
На денешната прес-конференција беше и Владимир Пјетерџокај, а видео обраќање имаше и Хано Соравија кој пред новинарите рече дека по продажбата на мнозинскиот пакет, ќе му остане само удел од 10 отсто во деловниот центар.
- Три милиони евра веќе се платени, а понатаму ќе следуваат уште трансакции. Овие пари се од подигнат кредит од 6 милиони евра од тиранската банка Кредис каде што свој удел има албанскиот партнер Пјетерџокај, изјави Ахмети.
Внукот на Али Ахмети рече дека Хано Соравија имал тешкотии со менаџирањето на големиот долг и договорот лесно бил постигнат во Виена.
А.К.