19 Декември, 2025
0.1929

Фирмите на Кочан против СЈО - Ова е напад врз телевизијата и Бошњаците

Објавено во: Македонија 16 Март, 2017 15:51

Добивај вести на Viber

Вработените во компаниите кои се поврзани со бизнисменот Сеад Кочан излегоа на протест пред Апелациониот суд обвинувајќи дека поведената истрага за предметот „Труст“ во кој има сомнежи за местење на тендерска постапка е започна со цел вршење притисок врз информативната телевизија Нова како и против Бошњаците во Македонија.

„Сеад не го даваме“, „Правда за Сеад“, „Трансмет“, извикуваат насобраните. Пред Судот е распоредено и силно полициско обезбедување. Покрај вработените во фирмите кои го поддржуваат бизнисменот, се повторија пораките дека со барањето на притвор за Сеад Кочан се врши атак врз бошњачката заедница во Македонија. 

- Ние сакавме да направиме еден мирен протест со цел да не испадне дека правиме притисок врз некого или врз судот. Се собравме  голема група на граѓани од кои повеќето Бошњаци. Сите ние сме свесни дека со ова се прави селективна правда. Ова е удар и врз бошњачката заедница и врз медиумите. Тука има многу пријатели на Бошњаците кои што се директно засегнати со начинот на кој што функционира. Нека види и целата јавност дека ова ќе прерасне во социјален проблем, истакна Рамчиловиќ на денешниот собир за поддршка на ТВ НОВА И Сеад Кочан.

Исто така негодуваат и вработените во ТВ Нова кои сметаат дека со постапката против нивниот сопственик се прават обиди за замолкнување на медиумот кој застапува своја уредувачка политика и дека наводно им пречело тоа што постојано известуваат за протестите за сочувување на националните интереси на Македонија.

- Ова е обид да се замолчиме, обид да ја промениме уредувачката политика - изјави главната и одговорна уредничка на ТВ „Нова“, Билјана Василева-Трендафилова.

Апелациониот суд треба да донесе одлука за притворот на Сеад Кочан како и за начинот на кој е донесена оваа мерка од првостепениот судски орган. Тој како првоосомничен е дел од група на бизнисмени кои добиле тендер во висина од 17 милиони евра за извршување на ископ на јаглен во рудникот Суводол за потребите на ЕЛЕМ и РЕК Битола.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки