20 Октомври, 2024
0.0306

ФИРМИТЕ ШТО СЕ ПРИЈАВИЛЕ НА ТЕНДЕРОТ ЗА БУГАРИЈА, НЕ ПЛАНИРАЛЕ ДА ГРАДАТ, САКАЛЕ ДА ГО ЗЕМАТ АВАНСОТ И ДА ИСЧЕЗНАТ: Николоски открива зошто пропадна тендерот за пруга кон Бугарија

Објавено во: Економија 27 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николски соопшти дека тендерот за пругата кон Бугарија е пропаднат. 

Во интервју за „360 степени“, Николоски вели дека не се откажува од идејата за изградба на пруга кон Бугарија, но дека она што сега е понудено е неизводливо да се реализира. Вели дека нема намера да го распише повторно тендерот во онаа форма во која е сега.

- Јас не се откажувам од идејата да изградам пруга со Бугарија, велам само дека тоа што сега е понудено е неизводливо и не може да се реализира. Инаку, сакам да се изгради пруга со Бугарија и ќе направам се за да се изгради, вели Николоски.

Она што треба да се направи, според Николоски, е да се седне со Бугарија и заеднички да се направи проект.

- Треба да седнеме со Бугарија, јас би и утре ама претпоставувам ќе сакаат да завршат изборите и таму и да се формира политичка влада, заеднички да направиме проект, да видиме дали оваа линија е најдобра, да видиме дали има подобра линија. Јас мислам дека има и заеднички да направиме проект, заеднички да најдеме финансирање и заеднички да го тендерираме. Само така има логика. Ако правиме башка ние, башка Бугарија, нема да се заврши никогаш, ако настапиме заеднички како соседни држави оти границите се вештачка работа, тогаш мислам дека апсолутно ќе се реализира, истакнува Николоски.

На прашањето дека дел од парите за пругата се грант и дека доколку проектот не се реализира, тие пари ќе пропаднат, Николоски вели дека тие пари секако ќе се изгубат. 

- Да ви кажам зошто. На тендерот се имаат пријавено шест турски фирми и една грчка фирма, еве првпат кажувам. Грчката фирма е 250 милиони евра поскапа од проценетата вредност што веројатно доволно кажува колку е изводлив проектот. Останатите шест јас гарантирам дека немаат намера да градат. Имаат намера да го земат авансот и да ги снема. Така нема да пропаднат парите?, посочува Николоски во интервјуто. 


Можеби ќе ве интересира

ОСТАНАА БЕЗ ГРЕЕЊЕ: Населбата позната по најтоплото парно, денес остана без него, причина била дефект

ОСТАНАА БЕЗ ГРЕЕЊЕ: Населбата позната по најтоплото парно, денес остана без него, причина била дефект

ЗАРА И ТАЈНАТА НА УСПЕХОТ: Еве кој стои зад светски познатиот бренд

ЗАРА И ТАЈНАТА НА УСПЕХОТ: Еве кој стои зад светски познатиот бренд

Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите

Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите

ЛИДЛ ПОВТОРНО ВРАБОТУВА: Овој пат бара менаџери на маркети, еве ги условите

ЛИДЛ ПОВТОРНО ВРАБОТУВА: Овој пат бара менаџери на маркети, еве ги условите

ЕВРОПА ГУБИ ПАРИ: Касата се празни

ЕВРОПА ГУБИ ПАРИ: Касата се празни

ЛУЃЕТО ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ: Битиќи распали за извештајот на Светска банка

ЛУЃЕТО ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ: Битиќи распали за извештајот на Светска банка

КОЈА Е ЖЕНАТА ШТО ГО ПОБЕДИ „БОИНГ“ И ГРАДИ АВИОН ЗА ДУСНИОТ ДЕН? Нејзината судбина зависи од таен проект

КОЈА Е ЖЕНАТА ШТО ГО ПОБЕДИ „БОИНГ“ И ГРАДИ АВИОН ЗА ДУСНИОТ ДЕН? Нејзината судбина зависи од таен проект

НА ГЕРМАНИЈА ИТНО И ТРЕБААТ РАБОТНИЦИ: Еве кои работници ќе бидат масовно регрутирани и од каде

НА ГЕРМАНИЈА ИТНО И ТРЕБААТ РАБОТНИЦИ: Еве кои работници ќе бидат масовно регрутирани и од каде

РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА ЗА 115 КВАДРАТИ: Прескапо и за богатите - цената на овој стан ја надмина секоја мерка

РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА ЗА 115 КВАДРАТИ: Прескапо и за богатите - цената на овој стан ја надмина секоја мерка