Фискален амбис
Објавено во: Анализа 26 Октомври, 2012 11:29
Ова е ефектот само за 2013 година(освен делот за јавниот долг). Доколку се остават да истечат сите бенефиции САД без дилема влегуваат во нова рецесија и ја зголемуваат невработеноста. Од друга страна како што може да забележите дефицитот ќе биде 40% помал, нормално затоа што во државната каса ќе се слеат значително поголем број на приходи. Индивидуално ова значи дека семејтво од четворица ќе мора да плати околу 2.200 долари повеќе даноци годишно.
Да продолжиме со ефектите на долг рок. Доколку се вратат старите даноци кумулативно во наредните десет години дефицитот на САД ќе биде намелен за неверојатни 7,1 трилион долари. Колку е голема таа бројка нека покаже фактот дека отприлика толку нашата земја ќе произведе производи и услуги за 1.000 години. Ова значи дека долгорочно задолженоста на САД сериозно ќе се намали.
Следниот графикон го опишува ефектот кој ќе го имаат одлуките на јавниот долг во случај на враќање на старите даноци или нивно продолжување. И овде разликите се очигледни. Во првата варијанта долгот ќе се намали под 60% од БДП, во втората ќе се приближи до 100.
Тука започнува големата игра. Сите активности мора да пројдат преку сенатот и конгресот. И токму затоа се чека исходот од изборите да се види кој каде ќе има мнозинство и кој ќе биде претседател на САД.
Бен Бернанке како непартиска личност која го водеше ФЕДот и во времето на Буш и Обама, постојано апелира на опасноста која доѓа после оваа Нова Година. Бернанке смета дека мора да се најдат начини долгорочно да се намали дефицитот без притоа да се наруши краткорочната стабилност на економијата. Во моментов се чини дека тоа ќе биде ѓаволски тешко.
Еден од најсилните подржувачи на тезата дека олеснувањата мора да продолжат е Пол Кругман, професорот кој скоро ги посети Балканите и јасно стави до знаење за каква политика се залага. Кругман смета дека државата мора да се фокусира кон краткорочните цели, зголемена вработеност и раст на економијата, додека дефицитот едноставно ќе мора да се решава во некое друго време.
Светот посебно големите трговски партнери на САД со внимание ќе гледаат како ќе се заврши целата ситуација. Впрочем и за нив ова е меч со две острици. Останувањето на старата политика значи повеќе пари во џебот на американците но и повеќе дефиците кои ќе мора земјите како Кина да ги финансираат. Од друга страна стегањето на ременот значи и помала потрошувачка и аналогно на тоа помал увоз. Е сега доколку знаеме дека САД произведуваат 20% од вкупниот БДП на светот, ни станува јасно зошто разврската ќе игра улога и ќе има свое влијание на многу точки на планетата.
Сепак делува дека постои консензус дека до изборите нема ништо да се превзема. Дури една од варијантите е да се почека да дојде 2013 година и сите да почне да ги фаќа паника и дури тогаш да се седне на маса, па договореното да има ретроактивно важење. Ваквата тактика некои веќе ја нарекуваат "grand bargain или “големото пазарење” или момент на вистината, наречете го како сакате, во основа целта е под притисок да се донесат одлуки со долгорочен импакт.
Влоговите се големи, наскоро ќе ги дознаеме и играчите.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





