20 Декември, 2025
0.0537

Фискалните сметки за наградна игра ќе се оставаат на плоштадот „Македонија“

Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2013 11:56

Добивај вести на Viber

Од  15 - 30 декември на Плоштад „Македонија“ во Скопје, Државна лотарија на Македонија ќе организира „Празнична среќна бајка“. На специјално уреден простор на плошадот граѓаните ќе имаат можност да добијат информации за наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ и во наменските кутии да ги остават своите коверти за учество во наградната игра. Сите љубители на игрите на среќа преку понудата на мобилната промотивна продажба ќе можат да учествуваат и во игрите Бинго Бум и Инстант лотарија. „Со оглед на интересот за учество во наградната игра, веруваме дека со овој настан ќе излеземе во пресрет на граѓаните на Скопје и другите градови, кои на својата празнична прошетка низ украсениот центар на главниот град ќе можат да ги добијат сите информации за наградната игра и да ги остават своите коверти за учество во првото коло чие извлекување ќе се одржи на 30 и декември, а за кога се резервирани наградите: еден стан, еден дуќан, еден автомобил и триесет вредносни ваучери“, информираат од Лотарија. Со учество во игрите на среќа кои ќе бидат понудени од мобилната продажба за време на настанот Празнична среќна бајка, играчите на игрите на среќа ќе имаат можност да освојат еден од 10 автомобили Голф 7 кои ги нуди инстант лозот 7ма Брзина, еден од 40те автомобили Рено Твинго со инстант лозот Твингоманија, еден од 20 автомобили Поло со инстант лозот Среќни тркала, еден од 35 скутери од гамата на Пијаџо што ги нуди инстант лозот Смајли, или пак вредна парична добивка од изборот на Експрес лозот со премија до 300.000 денари, инстант лозот Детелинка со премии од 500.000 денари, Среќни коцки со 5 премии од 1.000.000 денари или најновиот празничен лоз Подарок кој за празничниот период може да изненади со една од 30 добивки од  1.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии