ФЛЕКСИБИЛНО ИЛИ СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ?! – Левица предлага измени на Законот за работни односи, ќе бидат ли прифатени
Објавено во: Македонија 25 Август, 2025 13:32
Можност за работа со скратено работно време, или пак полно работно време но по шест часа дневно, но и флексибилно работно време како и работа од дома се дел од предлог измените на законот за работни односи кои ги предлагаат пратениците од редовите на опозициската „Левица“.
Со овој закон се дефинира и отсуството за време на бременост и родителство, и со цел поголема социјална грижа за малите деца, претставниците на оваа партија бараат полиберални услови за родителите на мали деца.
Деталите од законот откриваат дека двајцата родители ќе имаат право да побараат флексибилно работно време до 6 годишна возраст на детето. Работниците кои ќе сакаат да работат согласно новите одредби ќе треба да поднесат барање до работодавецот. Работодавците имаат право да го одбијат барањето во случај на сериозни оперативни потреби, кои не дозволуваат прилагодување на работното време.
- Со моменталната законска рамка во Република Македонија, откако ќе заврши породилното и родителското отсуство, родителите се враќаат на полно работно време, без можност за други поволности, освен правото на едноипол часовна пауза на мајката за доење на новороденчето до наполнета една година возраст. Современиот начин на живот наметнува темпо и динамика на живеење во кое присутноста на родителот при грижата за малите деца на дневно ниво е од клучно значење – се нагласува во законското решение доставено во Собранието.
Меѓу другото предлагачите укажуваат дека „градењето на здрава врска помеѓу родителот и новороденчето во раниот период е важен поради долготрајното влијание врз идниот однос родител – дете“, односно дека исклучително важно е детето да минува повеќе време во присуство на родителот во периодот на раното детство.
- Во интерес на здравиот и стабилен детски развој, а во насока и на поттикнување на зголемување на наталитетот кој е во пад изминатите години, потребно е законодавецот, родителската достапност на децата да им ја овозможи со законско право на флексибилно и скратено работно време сè додека детето не наполни шест години, возраст по која детето влегува во образовниот систем, а завршува стадиумот на домашно воспитување– објаснуваат предлагачите.
Потенцираат дека потребата од воведување законско право на флексибилно или скратено 4 работно време за родители со дете до шест годишна возраст произлегува од повеќе меѓусебно поврзани социјални, економски и развојни фактори.
- Позитивните економски фактори ни ги покажува праксата од државите каде што работниците – родители имаат одредени поволности во однос на флексибилноста во работата. Така на пример во Шведска, родителите имаат право на скратено работно време до 25 отсто до навршување осум години возраст на детето.
Во Германија, постои законска обврска за работодавачите да разгледаат и неосновано да не одбиваат барања за скратено работно време по враќање од родителско отсуство на работникот, а слично е регулирано и во Холандија. При што праксата од овие држави покажува дека овие мерки не водат до намалена продуктивност, туку до поголема мотивација и посветеност на вработените, помала стапка на отсуства и поголема задржливост на работната сила– се нагласува во предлог измените на Законот за работни односи.
Секако од Левица посочуваат дека овие измени ќе влијаат позитивно врз наталитетот.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот




