07 Октомври, 2024
0.0892

ФОКУС НА ДЕНОТ: Mицевски и Филиповска дадоа исказ за „Рекет“, Димовски треба да закаже седница за разрешување на Јанева

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Сопственикот на градежната компанија „Пелистер“ и еден од најбогатите битолчани, Силјан Мицевски, е повикан по втор пат да даде исказ за случајот „Рекет“ во Јавното обвинителство за организиран криминал кај обвинителката Вилма Рускоска.

Бизнисменот, познат во локалната битолска јавност како Циле, во изјава за медиумите рече дека парите кој му ги изнудил Бојан Јовановски ги уплатил на сметка на „Меѓународен сојуз“, чиј прв човек е Боки 13, а не кај пензионерката Лилјана Тодоровска од Скопје.

Мицевски ги бара назад своите 720 илјади евра, но прво ќе мора да објасни за која намена ги уплатил и под какви околности.

Без коментар за случувањата околу случајот „Рекет“ замина една од најпознатите водителки во земјава Лила Филиповска.

Таа со Бојан Јовановски е блиска пријателка, но пред камерите и новинарите Лила одби да каже и дали во моментот кога Боки13 беше приведен била во автомобилот со кој тој планирал да ја напушти државата.

Косата на Лила и беше поважна од тоа што ја прашаа колегите па дури цинично и им рече „полека ќе ми ја расипете фризурата“.

Верувам дека сите пратеници ќе гласаат „за“ разрешување на Јанева, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби.

Специјалната јавна обвинителка моментално е во притвор. Таа е осомничена во случајот „Рекет“, по што се поведе постапка за нејзино разрешување. Освен Јанева за овој случај во притвор се и Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Собранискиот претседател, Талат Џафери попладнево го достави извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева до претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски. 

Сега Димовски треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка.

И покрај предупредувачкиот штрајк на наставниците и професорите во училиштата, министерот за економија Крешник Бектеши ја испрати својата ќерка Хана како првачи на својот прв училишен ден во Кичево.

„На сите првачиња кои денеска за прв пат седнуваат во училишните клупи им посакувам успех во учењето и денови исполнети со среќа и задоволство. Воедно на сите ученици им го честитам почетокот на новата учебна година и успешни школски денови во сите наредни години. Нека е со среќа почетокот на новата учебна 2019/2020 година“, објави Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер