08 Октомври, 2024
0.0279

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови цени на горивата, се преговара дома, но и со соседите за историски настани

Објавено во: Македонија 05 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Неделава која тукушто почна возачите ќе точат горива по старо-нови цени.

Регулаторната комисија за енергетика го објави ценовникот по кој ќе се полнат резервоарите почнувајќи од полноќ.

Имено, бензините ќе се точат по цена иста како и претходната недела. Тоа значи дека „Еуросупер БС-95“ останува со иста цена и ќе чини повторно 69,5 денари за литар, а „Еуросупер БС-98“ - 71,5 денар за литар.

За половина денар поскапува дизелот кој во следните седум дена ќе го плаќаме 62,00 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 52,00 денари за литар.

Мазутот бележи исто така поскапување и еден килограм ќе се продава за 33,343 денари.

Во јуни идната година можно е да имаме избори. 

Партиите СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се пред договор за предвремени избори - јуни догодина. 

Претставници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ преговараат за реформи во изборното законодавство, за нов изборен модел и за предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на мнозински модел. ДУИ се согласува со терминот јуни, но е против изборен модел со една изборна единица.

Договор е постигнат за неколку важни историски прашања меѓу Скопје и Атина, објави грчки Етнос. 

Претседателот на Грчката Комисија за учебници Спиридон Сефета во неколку точки го објаснува досега договореното со македонската преговарачка страна. 

„Беше прифатено по дводневната битка во Скопје дека како Словени немаат никаква врска со Античките Македонци, дека античката македонска историја и култура се дел од античката грчка култура што имала влијание врз светската култура“, вели тој. 

Сепак додава дека Грчкиот комитет не гледа негативно на предлогот на македонската страна да се земе предвид дека дел од денешна Северна Македонија припаѓа на историска Македонија од антиката.

Откако бугарската комисија повика на вонредна средба на која која ќе се бара решение за празнувањето на „спорниот“ Гоце Делчев, професорот Драѓи Ѓоргиев ја оценува истата како повик за двобој.

Ѓоргиев за ТВ 24  овој повик го оценува како контра продуктивен и дека поканата нема да ја прифатат.

Тој додава дека е поважно двете страни да се фокусираат на хуманото дело на Гоце Делчев а не на потеклото и доколку се инсистира на идентитетските прашања за Гоце Делчев тогаш решение меѓу Македонија и Бугарија нема да се најде.

Можеби ќе ве интересира

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот