08 Октомври, 2024
0.0265

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Екоактивистите повикаа на протест против отворање на леарница за алуминиум, кој ќе се одржи во петок 11ти октомври, со почеток во 11:00 пред зградата на општина Ново Село. Од таму велат дека објектот треба да се гради на 80 метри од изворите за вода.

„Со ова почнуваме серија на протести и блокади до конечно запирање на лудиот проект за леарница во општина Ново Село! Наши барања се:1. Запирање на градбата на објектот, 2. Целосна ревизија на проектот со јавно достапни документи, 3. Поништување на фалсификуваната градежна дозвола за објектот и решението од министерството за животна средина“, објавија од „Здрава Котлина“.

Во Ново Село забрзано се гради објект лераница за лиење на одливци од алуминиум и уште еден објект со посебна градежна дозвола каде ќе се носи алуминиумски отпадоци од секаде, ќе се дробат и компресираат. Нема никакви јавни документи и се е скриено и маскирано за тоа што ќе се прави, затоа што е спротивно на законот, кој јасно кажува како е правилно, тврдат од таму.

„Леењето на легури од алуминиум е обоена металургија со законска класификација Г1.3 и која како тешка и загадувачка индустрија не може да се гради на помалку од 5 км од населено место или заштитено подрачје. Дробењето и компресирањето на алуминиум спаѓа во Г2 и тоа е замајувањето што треба да служи како "димна завеса" за да помине и посебниот објект каде ќе се загрева и лее алуминиумот.

Градоначалникот на Ново Село реши да го прекрши законот и иако предупреден од стручни лица, сепак САМОВОЛНО и НЕЗАКОНСКИ, го прогласи објектот каде ќе се загрева и лее алуминиумот за Г2 односно лесна и незагадувачка индустрија, иако во целата класификација на Г2 не постои таков опис!“, сметаат од здружението.

Од „Зелена Котлина“ тврдат дека градоначалникот ги крие документите, а на прашања не одговара, не реагира зошто нема истакнато градежна табла, но затоа праќа кривични пријави за секој што јавно прашува или коментира по социјални мрежи и во исто време ги малтретира граѓаните на Ново Село. 

„Изградбата на ЛЕАРНИЦАТА за која е издадена градежната дозвола, ја изведува татко му на градоначалникот и тука во прашање е конфликт на интереси но и трговија со влијание, особено поради постоење на финансиски трансакции пред издавање.

Во секој случај, за сите кривични прекршувања на законот ќе се достават соодветни пријави со докази, но истовремено наше е да ја запреме изградбата на ЛЕАРНИЦАТА и тоа по секоја цена!“, убедени се активистите.




Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа