06 Октомври, 2024
0.0405

ФОКУС НА ДЕНОТ: СЈО доби епитет „измама на векот“, кој ќе може да го види исказот на Кичеец?

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

СЈО е измама на векот, изјави професорот Владимир Милчин синоќа во Само вистина на Канал 5. 

Вели дека правдава изгледа не живее во Македонија и тој не верува дека може да се направи толкава операција како „Рекет“, а да не е замешана политиката.

Милчин исто така истакна дека не го гледа оправдано постоењето на СЈО, затоа што очигледно таму многу работи биле почнати и не биле завршени. 

Зоран Милевски – Кичеец, осомничен во случајот „Рекет“ е тој што ќе одлучи дали неговиот исказ ќе им биде даден на увид на адвокатите на Бојан Јовановски и Катица Јанева, вели неговиот адвокат Александар Новаковски, пренесува „Алсат“ .

Адвокатот Александар Новаковски, кој го застапува Кичеец, објаснува дека насоките како ќе градат одбрана доаѓаат од неговиот клиент. Дополнително, според него, одбраната не мора по секој цена да биде идентична за сите осомничени во „Рекет“. 

Кичеец е во домашен притвор, а Јанева и Јовановски се во притвор во Шутка. 

Двајца пратеници од власта и опозицијата се скараа за тоа дали имало или не амандман за добивање средства за нова опашка за бикот на улица Македонија. 

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска поднела амандман на ребалансот на Буџетот за 2019 година со кој бара пренамена на 100.000 денари за бикот кој се наоѓа на улица Македонија, да добие нова опашка, пишува на Фејсбук пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.

Амандманот кој го објави портпаролот и пратеник на СДСМ, Коста Костадинов со кој пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ побарала 100 илјади денари за нова опашка за споменикот – бик, кој е поставен на улица Македонија е непостоечки

ЕУ не може да биде легитимација за неправди, вели бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов за БГНЕС

„Доколку  Комисијата за историски и образовни прашања нема рок, тогаш ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон Европската унија. Неприфатливо е некој да мисли дека тие едноставно ќе ја искористат Бугарија само за влез во Европската Унија“, вели бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, коментирајќи го неодамнешното интервју на претседателот Стево Пендаровски, пренесува БГНЕС.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил