08 Октомври, 2024
0.0271

ФОКУС НА ДЕНОТ: Жан Митрев останува без единствениот кардиохируг со лиценца, во Русија конечно изгасени пожарите

Објавено во: Македонија 06 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Доктор Владимир Чадиковски и дефинитивно си заминува од Клиничката болница Жан Митрев, дознава Фактор. Детскиот кардиохирург кој од годинава се префрли во оваа приватна болница за да прави операции на деца кои ги покриваше Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) денеска го доставил отказот во „Жан Митрев“. Причина според нашите информации се подолготрајните несогласувања со менаџментот на болницата и непрофесионализмот при извршување на обврските.

Чадиковски не се впушта во коментари за тоа зошто си оди од Клиничката болница Жан Митрев, но за Фактор ја потврди информацијата дека си заминува од таму и дека денеска и на писмено го доставил својот отказ.

Отказот е во ист ден кога доктор Жан Митрев објави информација дека за првпат во Македонија успешно се извела една од најтешките и кајкомплексните операции на срце кај деца. Имено на новородено дете од 2,9 килограми му била извршена таканаречена тотална транспозиција на главни крвни садови што е една од најкомплексните аномалии на срцето. Операцијата ја извршил Митрев кој според нашите  извори нема лиценца од Лекарската комора да врши вакви операции. Интервенцијата била направена без ниту еден странец или советник на ниедна позиција.

Поранешниот в.д. директор на Централниот регистар, Андреа Поповски, е приведен во полиција. Според првичните информации Поповски е во полиска станица во Скопје, а во меѓувреме Обвинителството треба да донесе одлука за понатамошната постапка против него.

Покрај Андреа Поповски, приведени се и најмалку 4 други вработени во Централниот регистар, кон кои се очекува да бидат преземени понатамошни мерки.

Не се знае уште за што се осомничени. 

Битолчани со недели не можат да си обезбедат изводи од Матична книга на родени, затоа што доцни тендерската постапка за промена на уставното име во документите, објави Нова Македонија.

Без овој документ, битолчани, а особено иселениците, не можеле да завршат работа и со другите документи во администрацијата, односно да ги компелтираат заради одредена потреба.

Се огласија во соопштение во јавноста од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, кој е во притвор за случајот „Рекет“. 

Потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, Јасна Ерцеговиќ, пишувањата во медиумите дека средствата кои ги прибрале за хумани цели не ги искористиле за наменета ги нарече шпекулации.

Додава дека до денеска никој од Меѓународниот сојуз не е повикан од органите на прогонот за никакво незаконско работење

Воено-транспортни авиони Ил-76 и хеликоптери Ми-8, кои заедно изведоа повеќе од 200 полетувања, испорачувајќи 5500 тони вода, го изгаснаа големиот шумски пожар во Сибир. Авионите и хеликоптерите на руската армија и понатаму се вклучени во големата операција за гаснење на шумските пожари што избувнаа претходниве денови на огромното сибирско подрачје. Тие досега успеаја да ја совладаат огнената стихија што зафати 690 илјади хектари територија, пренесува информативната служба на Министерството за одбрана на Русија.

Можеби ќе ве интересира

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот