28 Октомври, 2024
0.0279

„ПРИТИСОКОТ ОД ОВИЕ КОДОШКО-УДБАШКИ ИНСТАЛАЦИИ ДОПОЛНИТЕЛНО МЕ МОТИВИРА“: премиерот во одбрана на директорот на АНБ

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ги исполнува условите согласно законот. Ја повика Антикорупциската комисија во најбрз рок да се произнесе по овој случај по обвинувањата од опозицијата дека Христовски не ги исполнува условите да биде директор на АНБ. 

- Тврдам дека сите услови согласно закон се исполнети. Едииствен орган којшто треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија која ја повикувам да го истражи брзо овој случај. Убеден дека тој ги исполнува условите. Зарем ќе дозволиме такво нешто да се случи. Документот е издаден од 2022 година, дали во меѓувреме постоела или не постоела таа Агенција, тоа е сосема друго прашање - рече Мицкоски по денешните обвинувања од опозициската СДСМ дека е фалсификуван сертификатот по англиски јазик на Христовски. 

Мицкоски рече дека доколку се утврди пропуст во случајот со Христовски, ќе побара одговорност. 

- Доколку тоа го констатира соодветна институција, а не опозициската СДСМ и исплашените поранешни разузнавачи кои овие агенции за национална безбедност ги претворија во тврдини во броба против опозицијата во времето кога ние бевме опозиција, тогаш да. Но, притисокот којшто доаѓа од овие кодошко-удбашки инсталации во редовите на СДСМ и ДУИ кои треба да не натераат да работиме под пристиок, дополнително ме мотивира, рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

Од опозициската СДСМ денеска повторно побараа оставка од директорот на АНБ затоа што, како што посочија, тој имал фалсификуван сертификат за англиски јазик. 

- Користење на фалсификуван документ е криминал, а не само законски пропуст.  Христовски нема соодветен меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ за да ја добие функцијата. Ова претставува кршење на законот и кривично дело за кое мора да одговара. Повикувам ЈО да отвори постапка. Скандалозно е што лицето кое извршило кривично дело било државен советник за криминалистички работи во МВР. Ова поставување ги загрозува сите принципи на безбедност и интегритет во институциите. Како е можно личност со таква историја и нарушен интегритет да се најде на врвот на АНБ? Ова е крајно опасно и создава ризици за националната безбедност, рече Методија Илиевски на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Освен оставка од Христовски, СДСМ бара итна реакција од Антикоруцпската комисија и оставка и одговорност и од премиерот Христијан Мицкоски за партизирација на институциите со поставување на лица без квалификации и нарушен интегритет.

Бугарски Фактор соопшти дека проверката на нивните новинари покажала дека во Пловдив не постои овластен центар за полагање и издавање на меѓународно признат сертификат за ТОЕФЛ, а според регистерот на училиштата во Бугарија нема ни училиште со називот Language School Julia Cо.LTD. 


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков