18 Декември, 2025
0.0555

Фондацијата Анѓушев им додели стипендии на македонските тинејџери вицешампиони на европскиот квиз на парите

Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2019 12:47

Добивај вести на Viber

Фондацијата Анѓушев, основана од вицепремиерот проф. д-р Кочо Анѓушев на младите велешани, Викторија Пановаи Марко Инѓилизов,кои го освоија второто место на финалето на Европскиот квиз на парите што се одржа во Брисел, Белгија, им додели стипендии до крајот на нивното школување. На денешната средба со младите ентузијасти, вицепремиерот им го честиташе постигнатиот успех и им посака да ги прошират своите амбиции за постигнување нови знаења и успеси, а неговата поддршка ќе ја имаат секогаш.

„Викторија и Марко направија импресивен успех, во конкуренција во 100.000 деца од цела Европа и тоа е успех што треба да се награди, интелект и знаење што треба да се негува и поттикнува. Тие се едуцирале со своите професори но и самите, покажаа самоиницијативност, научиле многу сериозни работи. За нивната возраст, знаењето што го поседуваат во сериозни теми, е навистина реткост и говори дека тоа е нивен интерес и избор. Сакам лично да ги поддржам и да им порачам дека тоа е начинот да се успее, да се биде иницијативен и да се учи повеќе. Затоа Фондацијата Анѓушев, им доделува стипендија, да биде поттик и мотивација за понатамошна нивна едукација. Да се охрабрат и понатаму да вложуваат во себе и да бидат пример за сите нивни врсници“, рече Анѓушев при средбата.


Во конкуренција на финалисти од дваесет и осум европски земји, Викторија Пановаи Марко Инѓилизов,го освоија второто место на финалето наЕвропскиот квиз на парите. Првото место го освоија претставниците на Словенија, додека третопласиран е тимот на Германија.

„Сакам да се заблагодарам на овој гест на вицепремиерот кој дојде лично да ни честита, што говори за етичното созревање на нашето општество и ќе нè радува ако и понатаму има вакви средби, а ние ќе продолжиме да учиме. Оваа награда за нас е голема и значајна, меѓутоа за мене многу повеќе ми значи неговата лична поддршка и поддршката од целокупното општество“, рече Марко Инѓилизов.

„Многу ми е мило што министерот лично нè поддржуваат и ни даваат поттик да останеме тука, да го покажеме нашето знаење и со тоа да придонесеме за државата“, изјави Викторија Панова.

Стипендијата од Фондацијата Анѓушев, им се доделува на Викторија и Марко, до завршувањето на средното образование. Единствен критериум да ја задржат стипендијата е да покажуваат одличен успех. Фондацијата Анѓушев е основана од проф. д-р Кочо Анѓушев, каде вицепремиерот го уплатува месечниот надомест од вицепремиерската плата. Една од целите на Фондацијата е поддршка на младите интелектуалци и ентузијасти за постигнување значајни резултати во различно поле и поттикнување на образовна надградба. 

Двајцата ученици на гимназија „Кочо Рацин” од Велес, на европското финале учествуваа како претставници на земјава, откако во март годинава остварија најдобри резултати на националниот натпревар, кој го организираше Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и Министерството за образование и наука. На националниот натпревар учествуваа околу 300 нивни врсници, откако претходно преку интерните тестирања во училиштата ја поминаа селекцијата од околу 3000 ученици.


„Голема благодарност до вицепремиерот за оваа награда за учениците и очекувам и во иднина не само од нашето училиште туку и насекаде, секој што може да ги поддржува ваквите талентирани ученици, затоа што нив им е потребен само еден дополнителен мотив за да станат дел од современа Европа“, изјави професорот Марјан Стојановски, ментор на Викторија и Марко.

„Како гимназија почестени сме со успехот на нашите ученици и очекуваме и други ученици да го следат нивниот пример и во следните период да имаме и други вакви успеси. Затоа ја поздравуваме иницијативата на вицепремиерот за дадената поддршка за нашите ученици, што истовремено значи поттик за нив, но и мотив за сите останати“, рече Гоце Алексоски, директор на гимназијата „Кочо Рацин” од Велес,

На европско ниво, на Квизот учествуваа над 100.000 ученици на возраст од тринаесет до петнаесет години, од кои околу шеесет беа национални победници и како претставници на своите земји се пласираа на финалето во Брисел.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА