05 Декември, 2025
0.0398

ФОРБС: Добри сме во монетарна слобода и бирократија, не не бива за иновации

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2012 10:34

Добивај вести на Viber

Македонија го зазеде 37-мото место на листата на американското списание „Forbes“  на држави најпогодни за водење бизнис, каде што се најдоа вкупно  141 земја. Категориите монетарна слобода и бирократија и донесоа најдобри резултати на Македонија, односно во овие категории се најде на второто и петтото место. Во категоријата заштита на инвеститорите е рангирана е на 19-то  место, во даночната политика е на 22-ро, слободата на тргувањето и донесе 48-мо место, а според корупцијата,  личната слобода и технологијата се најде на средина на листата. Најслаба страна се сопственички права и иновации. Македонија е подложна на економските случувања во Европа, поради силните банкарски и трговски врски, а континуиран економски раст зависи и од регионалната интеграција и напредокот кон членството во ЕУ,  стои во објаснувањето на „Forbes“. Во споредба со соседните држави, Македонија е најдобро рангирана, а следат Црна Гора (на 45 место), Хрватска (47), Бугарија (49), Турција (52), Грција (68), Албанија (74), БиХ (85) и Србија (90). Од поширокото опкружување, единствено Словенија е подобро рангирана до Македонија и се најде на 23 позиција. На врвот на листа се најде Нов Зеланд, а по него следат е Данска, Хонгконг, Сингапур, Канада и Ирска.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември