18 Декември, 2025
0.0650

Форд инвестира 200 милиони евра во фабрика и отвара 450 нови работни места

Објавено во: Свет 22 Февруари, 2013 14:24

Добивај вести на Viber

Американскиот производител на автомобили Форд ќе отвори нови 450 работни места и ќе вложи околу 200 милиони долари во фабриката за мотори во Охајо, соопштија од компанијата. Според нивните очекувања, фабриката би требало двојно да ка зголеми продажбата на енергетски ефикасните мотори „екобуст“(EcoBoost). Дволитарските мотори, коишто се продаваа на пазарот на Северна Америка, порано се произведуваа во фабриката на Форд во Валенсија, Шпанија, пренесе агенцијата Франс прес. „Новата одлука нема да влијае на бројот на вработени во постројката во Валенсија, каде што дел од работниците ќе биде преместен од фабриката за мотори во секторот монтажа“, за да се излезе во пресрет на поголемото производство на одредени модели на автомобилите, наведе компанијата. Фабриката во Валенскија ќе продолжи да произведува делови коишто ќе се користат во производство на мотори во САД и ќе продолжи да биде единствената фабрика која произведува дволитарски мотори за возила кои се составуваат во Европа. Фабриката во Кливленд во Охајо моментално произведува мотори „екобуст“ со волумен 3,5 литри, како и мотори V6 со волумен 3,7 литри, а кон крајот на 2014 година ќе почне со производство на дволитарски мотори „екобуст“. Форд соопшти дека оваа година планира да го зголеми глобалното производство на мотори „екобуст“ на 1,6 милиони, што е речиси 100.000 повеќе во однос на порано.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина