16 Јануари, 2025
0.2203

Ford втора година по ред победи на изборот за Меѓународен Мотор на Годината

Објавено во: Мои пари 07 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Втора година по ред Ford-овиот 1.0-литарски EcoBoost мотор е победник на изборот за „Меѓународен мотор на годината “. Три-цилиндричниот агрегат со директно вбризгување и турбо полнач постигна највисока оцена во 15 годишната историја на наградите. Ford ќе го дуплира производството на 1.0-литарски EcoBoost во својата фабрика на мотори во Келн (Германија) од средината на август за да ја задоволи побарувачката. Во  Европа, 1.0-литарски EcoBoost мотор е достапен кај возилата Fiesta, B-MAX, Focus, C‑MAX и Grand C‑MAX; исто така, ќе се понуди и за Transit Connect, Transit Courier, Tourneo Connect, Tourneo Courier, Mondeo и EcoSport. Моторот е промовиран низ светот – од неодамна во Индија и Кина овој мотор е достапен во возилото Ford EcoSport, а кон крајот на оваа година ќе биде достапен и во Северна Америка во возилото Ford Fiesta 1.0-литарски EcoBoost мотор кој комбинира директно вбризгување на гориво, турбо- полнач и варијабилно темпирање на вентилите со цел да се намали потрошувачката на гориво без да ја намали моќта, ја доби највисоката оценка во историјата на доделувањето на наградите за Меѓународен мотор на годината. Моторот победи во категоријата „Најдобар мотор под 1.0 литар“ на овогодишното доделување на наградите презентирани од магазинот „International Magazine Engine Technology“ . Од Ford потврдија дека планираат да го удвојат производството на моторот во својата фабрика за мотори во Kелн, Германија и тоа на повеќе од 1.000 мотори дневно од средината на август за да се задоволи побарувачката. “Со технологија толку стара колку и моторот со внатрешно согорување, многу е ретко да може да се постигне вистински напредок, но токму тоа е она што тимот го постигна со овој мотор“, изјавил Џо Бакај, потпретседател на Ford, Global Powertrain. “ Треба да го возите за да поверувате дека толку мал три-цилиндричен мотор може да има таква изведба и економичност на гориво” . Панел од 87 новинари од автомобилскиот сектор од 35 земји низ светот оценуваа и доделуваа награди за возливост, изведба, економичност, подобрување и успешна примена на напредна технологија за моторот. Ford е еден од трите автомобилски производители кои бележат повратни победи во 15- годишната историја на доделувањето на наградите. 1.0-литарскиот EcoBoost на Ford е добитник на вредни признанија како што се признанието на Меѓународното доделување на награди на Paul Pietsch во 2013 година, признанието за технолошки иновации на доделувањето на наградите на германскиот магазин за Автомобилски мотори и најдобри спортски автомобили, трофејот„ Dewar Trophy “од Кралскиот Автомобилски Клуб во Велика Британија и наградата  „Breakthrough Award“ од магазинот „Popular Mechanics“ во САД. “Кој би поверувал? 1.0-литарски мотор кој има се, моќен е, економичен, чист и со мала тежина”, рекол Питер Лион, судија и независен новинар од Велика Британија. “Тоа е врвно дело”. 1.0-литарскиот EcoBoost е дизајниран во Ford-овите центри за истражување и развој во Ахен и Меркених во Германија и Дунтн во Велика Британија, а е конструиран во Келн, Германија и Крајова, Романија. Деан Славниќ, ко-претседавач на 15-ото доделување на награди за Меѓународнен Мотор на Годината и уредникот на „Engine Technology International Magazine“, изјавил: “EcoBoost Ford-овиот моторот, прв досега три-цилиндричен дизајн сеуште претставува мотор кој победува. Економичен е во нормални услови додека пак компактното турбо помага да се осигура дека целиот пакет може многу лесно да даде моќ и на поголеми возила како што е Grand C-MAX”. 1.0-литарскиот EcoBoost мотор во моментот се нуди за малите автомобили како што се Fiesta и B-MAX како и понуди на компакт за Focus, C-MAX и Grand C-MAX. Во блиска иднина овој мотор ќе им даде моќ и на поголемите автомобили вклучувајќи го и новото Ford Mondeo. Исто така, ќе се понуди и за комерцијалните возила Transit Connect и Transit Courier и за возилата за превоз на лица Tourneo Connect и Tourneo Courier. Моторот се распространува  низ светот. Моментално е достапен за потрошувачите кои купуваат нов EcoSport во Индија и Кина, а кон крајот на оваа година ќе биде понуден кај возилата Fiesta во Северна Америка. Доволно мал да се смести во делот за багажот над главата во авион, моторот ја дава најдобрата економичност на бензинско гориво во Европа за возилата како што се Fiesta, Focus, C-MAX и Grand C-MAX. Фабриката за мотори на Ford во Келн е усовршена да го олесни производството на 1.0-литарски EcoBoost и воведе напредни техники за производство кои го намалуваат обемот на течности за ладење, кои се потребни кога се конструираат алуминиумски делови на моторот на само пет милилитри по компонента, од два литри претходно, кое придонесува да се намали нарушувањето на животната средина од производството. Воведена е и нова технологија на „ладно тестирање“ која дозволува моторите да се тестираат без да бидат стартирани, со намалена употреба на гориво и емисии на CO2од процесот за цели 66 проценти. Целата преостаната енергија потребна да работи фабриката доаѓа од обновливи извори, вклучувајќи ги и трите хидро-електрани во Норвешка и Шведска. Ford од Европа планира трипати да го зголеми годишното производство на возила опремени со EcoBoost бензински мотори. До 2015 година бројот на произведени возила со EcoBoost бензински мотори планирано е да се зголеми на приближно 480.000 за разлика од 2011 година кога се произведени 141.000  возила опремени со овој мотор. Компанијата предвидува дека повеќе од 300.000 од овие возила ќе бидат опремени со 1.0-литарски EcoBoost. Во првиот квартал на 2013 година во Европа, 1.0-литарскиот EcoBoost мотор го има во 42 проценти на порачките во B-MAX, 30 проценти во Focus и 24 проценти во Fiesta низ 19-те традиционални пазари на Ford во Европа.  

Можеби ќе ве интересира

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето