Формиран Клуб на одговорни бизниси
Членувањето во клубот ќе им овозможи на компаниите здружено, во партнерство со граѓанскиот сектор и институциите, да дадат посилен одговор и за најголемите општествени предизвици
Објавено во: Мои пари 10 Февруари, 2017 11:36
Претставници на педесетина домашни компании со докажано општествено одговорно делување ja поддржаа иницијативата за формирање на првиот Клуб на одговорни бизниси во земјава. Клубот ќепретставува нова уникатна платформа за здружување на иницијативите, идеите и ресурсите на компаниите зарадиреализација на поголеми и посложени проекти, кои ќе имаат значајни ефекти врз животот на луѓето, просперитетот на заедниците и одржливиот развој на општеството.

„Ваквиот начин на здружување и партнерство на бизнисот со граѓанскиот сектор во Британија се практикува веќе30-тина години. Водејќи се од успехот на оваа платформа која кај нас работи под директно покровителство на неговото величество - Принцот Чарлс, ние успеавме да ја прошириме и глобално, обезбедувајќи поддршка за над 130 вакви независни организации и клубови во 67 земји“, изјави Чарлс Гарет, британскиот амбасадор на презентацијата на Клубот која се одржа во неговата резиденција во Скопје.
Основач на Клубот на одговорни бизниси е „Конект“ – организација со главна мисија и големо искуство во поттикнување и промовирање на општествената одговорност и филантропијата, која воедно ќе се грижи за неговото успешно функционирање.
„Клубот е отворен за сите заинтересирани компании, без оглед на нивната големина. Важна е нивната посветеност за учество во реализација на заедничките акции и програми на Клубот во области како што се: корпоративно волонтирање, менторирање, младинско вклучување и вработување и други. Покрај здружување на идеите и ресурсите, Клубот претставува и место каде бизнисите можат континуирано да ги унапредуваат знаењата, да градат капацитети и да создаваат партнерства со граѓанските организации и институциите, за што ќе им бидат ставени на располагање сите стручни капацитети и експертиза на организацијата „Конект“, чија задача ќе биде континуирано да им помага на членките и на самиот Клуб да ги реализираат сите активностипреку примена на најдобрите европски приоди и практики во доменот на општествената одговорност“, вели извршната директорка на „Конект“, Никица Кусиникова.
Работата на Клубот стратешки ќе ја насочува Одбор составен од врвни менаџери на некои од најуспешните македонскикомпании, коишто и досега имаат големо искуство и значајни активности во областа на општествената одговорност.

„Целта на Клубот на одговорни бизниси е поинтензивна и суштествена соработка меѓу бизнисите и граѓанскиот сектор во промовирање на принципите на општествена одговорност. Улогата на бизнисите во општеството е огромна. Многу од нас се веќе вклучени во општествено одговорни проекти и тоа е навистина за поздравување. Формирањето на оваа платформа, ќе претставува синергија на бизнисите, граѓанскиот сектор и институциите за што поголема мобилизација за справување со предизвиците во нашето општество и креирање соодветни решенија и проекти за одржлив развој на заедницата и општеството во кое сите ние живееме и функционираме“, изјави Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на Алкалоид АД Скопје, една од водечките домашни компании со значајни вложувања во проекти кои придонесуваат за развој на заедницата.
Дополнителна гаранција за тоа дека во функционирањето на Клубот ќе бидат применети најдобрите европски практики во оваа област е фактот што иницијативата за неговото формирање се реализира во рамки на проектот „Граѓанското општество посилно со бизнисот и граѓаните“, финансиран од Европската Унија.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




