24 Јануари, 2025
0.0359

(ФОТО) Алармантно: Земјата останува без кислород?

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Истражувачи од Бразилскиот научен центар за Земјата предупредуваат дека луѓето да таа мерка го уништиле најважниот екосистем на светот - амазонската прашума или Амазонија, да наскоро нема да може да се самообновува, па Земјата во еден момент би можела да остане без кислород.

Според зборовите на експерти, огромното пространство на шума, познато како белите дробови на планетата, повеќе нема да може да привлече доволно влага и да создаде дожд неопходен за нејзиниот опстанок, поради што ќе се претвори во непрегледна савана.

Белите дробови на планетата

Последните статистички податоци укажуваат на тоа дека минатата година бројот на исечени стебла во амазонската прашума на територијата на Бразил од 2008 се зголемил за дури 29 одсто. Во таа латиноамериканска земја се наоѓа дури 60 одсто од белите дробови на планетата, а поради аспирациите на луѓето да ги шират обработливите површини и пасишта за добитокот степенот на уништување на дрвја често се зголемува. На тоа треба да се додаде дека законот со кој е пропишано каде и како стеблата можат се искористат често се крши, а нелегалната сеча доведува до драматични последици.

Критичарите на бразилската влада и неодамна повторно избраната лидерка Дилма Русев истакнуваат дека ништо конкретно не е направено за да се запре уништувањето на прашумата. Русев дури неодамна одобри проект за изградба на огромната брана Бело монте, која ќе претставува трет најголем објект од тој вид во светот, а кој ќе доведе до поплави на дури 1500 километри шума и наилно иселување на 40.000 домородци.

Загревање

Бразил во моментов се соочува со уште еден проблем. Таа земја стана најголем светски извезувач на говедско месо, а се очекува тоа во 2019 год. да задоволува дури 30 одсто од вкупната потрошувачка на месо.

За да го задржи тој стандард, таа мора да ги прошири површините на кои ќе одгледува добиток за дури 526 милиони хектари, а тоа поради големата населеност нема каде да се направи, освен на сметка на амазонската прашума.

Инаку, Амазонија го апсорбира јаглерод диоксидот и спречува драматичен пораст на глобалното загревање поради ефектот на стаклената градина, кој предизвикува штетни гасови во атмосферата.

Историски Кина и Америка во Пекинг постигнаа важен договор за намалување на загадувањето на Воздухот.

Претседателот на Кина Си Џинпинг и претседателот на САД Барак Обама објавија во Пекниг во текот на самитот на азиско-пацифичката економска соработка, нови цели во борба против емисијата на гасови кои гИ предизвикувастаклената градина. Според зборовите на Обама, новата цел на САД е да до 2025 година, се намали емисијата на гасови на стаклената градина за 26 до 28 одсто во однос на нивото од 2005 година. Досегашната цел на САД беше намалување од 17 одсто до 2020 година.

Кина не ги објави процентите на своето ограничување, но соопшти дека ќе воостанови максимално дозволена количина на емисија до 2030 година. Тоа е прв пат Кина, најголемиот светски загадувач на атмосферата да објави датум кога ќе пропиша максимум испуштање на гасови кои ја загадуваат атмосферата.

Инаку, двете земји заедно произведуваат 45 одсто од целокупната светска емисија на јаглерод диоксид.

Неколку факти

Населени 30 милиони видови инсекти

Амазонија е големо шумско пространство на северот на Јужна Америка, а го добило името по реката Амазон

-опфаќа 5,5 милиони квадратни километри, а се протега на територијата на девет држави -произведувањето на кислородот кој доаѓа од Амазонија го прави најголемиот поединечен дел во вкупното емитување на кислород од сите шуми на светот

-Амазонската прашума претставува дом за најмалку 30 милиони видови инсекти, а во нив живеат околу 20 одсто од сите познати животински и повеќе од 30 одсто билни врсти.

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес