(ФОТО) Баздникин отиде кај Заев да му каже дека е прифатено новото име
Објавено во: Македонија 19 Март, 2019 10:37
Амбасадорот на Русија во Скопје, Сергеј Баздникин, на премиерот Зоран Заев му врачи копија од нотата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, согласно која врз основа на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин се признава новото име на нашата земја - Република Северна Македонија.
„Посебно внимание на средбата беше посветено на поттикнувањето на можности за зголемување на економската соработка, за што како особено значаен податок за потенцијалите говори фактот дека извозот на свежо овошје и зеленчук во јануари оваа година е зголемен за 90%, во споредба со истиот месец во 2018 година.
Во таа насока, интензивирањето на економската соработка се очекува да биде централна тема на наредната сесија на Мешовитата владина комисија за трговско-економска соработка меѓу двете земји која треба да се одржи во Скопје“, соопштија од Владата.
За оваа вест голем интерес има и кај грчките медиуми, а претходно ставот на Русија беше дека Преспанскиот договопр треба да се разгледа во Советот за безбедност во ОН.

Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




