19 Декември, 2025
0.1188

(ФОТО) Бурни реакции во Европскиот парламент, по говорот на Ципрас

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2015 12:44

Добивај вести на Viber

Говорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Европскиот парламент предизвика жестоки спорови и емоции.

За време на својот говор конзервативниот пратеник од Европската народна партија Манфред Вебер упатил сериозни критики кон Ципрас и го обвинил дека ја уништил довербата во Европа.

„Господине Ципрас, вие не ја кажувате вистината за кризата, а тоа не е достојна политика“, изјавил Вебер, цитиран од „DPA“.

„Знаеме која е положбата на луѓето во Бугарија. Како може Грција да бара солидарност, кога барем во пет земји од ЕУ, вклучувајќи ја Бугарија, животниот стандард е помал“, прашал Вебер и завршил со својот говор со зборовите „Г-дин Ципрас, вие сакате да ја поделите Европа. А ние ја сакаме Европа“.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/minefornothing/status/618709549659385856/photo/1[/embed]

Неговиот коментар бил дочекан со бурни реакции од грчките европратеници, а претседателот на парламентот Мартин Шулц беше принуден да ја смирува ситуацијата.

Претседателот на групата на социјалистите и демократите Џани Питела изјавил од своја страна, дека „Европа е незамислива без Грција. Никогаш нема да го прифатиме заминувањето на Грција“, додал тој.

Ришард Легутко од групата на Европските конзервативци и реформисти коментирал дека има нешто погрешно во Европа, но и во Грција.

„Ми се чини дека се разигрува театарот и ништо не е она што го гледаат нашите очи“, додал тој.

Според Ги Верхофстат од „АЛДЕ“ проблемот не е дека грчкото општество нема направено напори, туку дека грчката врхушка не го направила овој труд.

„Така и не видовме конкретни предлози од вас, сами си одите, а во последно време и трчате кон излез од еврозоната. Имате 48 часа да предложите јасни предлози за реформи“, се свртел тој кон Ципрас.

„Во трка сме со времето да ја повратиме довербата“, изјавил од своја страна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Сите сме одговорни за кризата и одговорноста е заедничка за наоѓање на излез, додал тој.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен