(ФОТО) ЧЕШКА: Спасувачи извлекоа мачка од поплавена куќа, газдата беше пресреќен што миленикот е спасен
Објавено во: Свет 17 Септември, 2024
Бурата Борис погоди делови од Европа и однесе во смрт најмалку 17 луѓе. Драматични снимки се појавија од Чешка и Полска.
На интернет се рашири фотографија на која жител на Јесеник во Чешка успеал да го спаси својот миленик. Откако е евакуирана од куќата, ја носел својата мачка во раце и ја гушкал.
На интернет неодамна се појави и видео од германски овчар, кој со часови остана заробен под остатоците од урнат мост во градот Глухолази во Полска. Поројните дождови срушиле мост, кој сè уште бил во изградба, а кучето се сокрило зад бетонските блокови од поплавата.
Кучето успеало да остане на површината, а водата го однела до место каде луѓето можеле да стигнат до него.
Жителите на неколку полски и чешки региони се евакуирани во последните денови.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.