(ФОТО) Човек пронашол кутија во контејнер – подобро никогаш да не ја отварал!
Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2014
Корисник на социјалната платформа Имгур објавил низа фотографии кои прикажуваат содржина на стара дрвена кутија која неговиот пријател ја пронашол во ѓубре. Неговата објава имала повеќе од 250.000 прегледи и тоа во првите 20 часа на објавувањето. Иако остарената рамка на кутијата содржи многубројни трагови, отвара многу прашања на кои заедничко им е тоа што одговор нема и се вистинска мистерија. Оваа дрвена кутија е направена рачно и има дршка и не пар метални токи. Кутијата содржи детални цртежи на вонземјански суштества, неидентификувани летачки објекти, и преписи кои ја истражуваат врската помеѓу вонземјанските состаноци и древни религии.
Изгледа дека овие цртежи му припаѓале на човечк по име Даниел Ј. Кристијансен кој живеел на Флорида, но по потекло е од Холандија. Се претпоставува дека бил ветеран од Втората светска војна, додека другите претпоставки се дека бил инжењер, или барем бил склон кон цртање на технички цртежи како што е прикажано на фотографиите кои ви ги пренесуваме. Странски медиуми наведуваат како овие фотографии укажуваат на тоа дека Кристијансен имал средба со вонземјани. Како што е видливо во документите, тој на 7 јули 1977 година пишувал за „привиденијата или Тампа Беј затемнувањето“. Тој ги нацртал вонземјаните и ги опишал како секој имал по „четири лица и четири крила“.
Едно од лицата кое се појавува е човечко, додека останатите три се како некое животинско суштество кое личи помеѓу крава и птица. Човеколикиот лик имал папки на нозете.
Нејасно е дали цртежите се однесуваат на негово лично искуство, или прикажуваат некаков праисториски приказ. Имено, во поганските религии божествата понекаде се прикажани со глава на коњ или некое друго животно. Понекогаш главата на животното било главна глава, но понекогаш божествата може да имаат повеќе глави. Овие цртежи потсетуваат и на грчкиот Монотаур. Прашањето е дали авторот на овие скици бил лудак или навистина имал искуства кои ако ништо друго барем ќе ве заинтрегираат, а можеби и исплашат.
Рачно нацртана табела на елементи Овој патент не се наоѓа во United States Patent Office, но цртежите се неверојатно детални. Но тоа не е најчудниот дел Овој цртеж е од 1939 година - зошто некој би го игнорирал ова? За секое чудење, оваа мапа покажува мапа на воздушен сообраќај Многу мапи се рачно нацртани со посебно означен „центар“ Мапите претставуваат различни верзии на пат на воздушниот сообраќај Во кутијата имало многу мапи И мистеријата продолжува Порака веројатно од поранешниот сопственик Уште една мапа со назначен центар