ФОТО: Чудна малина, расте 2 метри и има плод на зима
Објавено во: Агробизнис 03 Ноември, 2016 19:36
Малина е засадена во расадник во Србија и е висока 2 метри.
Да не е пластеникот, таа уште би растела. Со нејзините плодови лани сопственикот Владе Крстониќ од Миличево село послужувал гости на Свети Никола.
Се работи за сортата хертиџ која практично се бере шест месеци. Крстониќ вели дека од месец јули наваму бере малини. Тој за 4 години колку што ги одгледува малините не употребува пестициди. Еден килограм се продава за 350 динари.

„Таа делува здраво и делува постабилно и подобро ги поднесува овие наши услови“ - вели сопственикот.
Тој сам ги произведува садниците. Имал околу 3.000 садници, но сите ги продал затоа што има голем интерес. Вели дека во иднина ќе ги прошири површините.
Овие малини во пластеник не се прскаат, туку само се прехрануваат што не се одрази на родот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





