(ФОТО) ДРАМАТИЧНА ТЕПАЧКА ПРЕД ГРАДСКА БОЛНИЦА - причина е прегазено дете
Објавено во: Македонија 09 Август, 2020 20:56
Голема тепачка се случи пред Градската болница.
Како што неофицијално дознава Фактор, тепачката настанала откако било со автомобил прегазено дете.

Но, таткото на детето почнал да го тепа човекот што го прегазил.
Тоа било причина во болници да заврши и детето, но и оној што го прегазил, бидејќи и тој бил повреден.

Настанала општа тепачка, откако пријатели на оној што го прегазил детето дошле да се пресметаат со неговиот татко кој физички го нападнал. Тепачката се префрлила и во Градска болница. Затоа морале да интервенираат и медицински екипи.

Дошле и Алфи, но разјарената група фрлала со камења и по нив.

По сите овие настани таткото на дтетото е приведен.

Возачот што го удрил детето, заедно со детето се задржани во Градска болница на иследување, велат извори на Фактор.
Детето не е во животно загрозувачка состојба и е надвор од животна опаснст.
Не е повреден никој од персоналот на болницата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




